Дома Фудбал Лига на шампиони Започнува Лигата на шампиони: Ливерпул на гости кај Елмас

Започнува Лигата на шампиони: Ливерпул на гости кај Елмас

Денес започнува најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а шампионот Ливерпул одбраната на титулата ќе ја започне на незгодно гостување против Наполи.

И минатата сезона овие две екипи беа во иста група. Тогаш Наполи беше поуспешен, но испадна од групната фаза. Ливерпул пак стана шампион и како такот одбраната на титулата ќе ја започне во јужна Италија.

Наполи сака реприза од минатата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти имаше неколку епски битки со Ливерпул низ годините, а најпозната е неверојатната негова финална загуба во Лигата на шампионите во 2005 година во Истанбул.

Но тој се одмазди во финалето во 2007 година, повторно со Милан и го водеше Наполи до заслужената победа во ова натпреварување минатата година со 1:0, иако поразот од 1:0 на „Енфилд“ ги исфрли Италијанците од групната фаза.

Сега тие ќе имаат полесна задача, бидејќи во групата не е ПСЖ, туку во групата Е се уште и Генк и Салзбург кој секако се аутсајдери покрај двата фаворити.

Анчелоти во Серија А минатата сезона го водеше Наполи до второто место (имаа 11 поени помалку од шампионот Јувентус), но сезонава се на четвртото место со две победи и пораз.

Тие се загреаа пред враќањето во Ливерпул на стадионот Сан Паоло со победа од 2:0 над Сампдорија во саботата.

Шампионот ја започнува одбраната на титулата

Потешко е да се одбрани титулата, отколку да се освои по прв пат. Тоа добро го знае и Клоп. Сеќавањата од Мадрид кога Хендерсон го крена пехарот се сè уште свежи за „црвените“, но да не заборавиме дека Ливерпул ги загуби сите три натпревари минатата сезона на гостински терен во групната фаза.

Тука го сметаме и поразот од Наполи со 1:0 кога Инсигње постигна гол во 90-та минута. Но Ливерпул имаше многу среќа на тој натпревар и тоа беше нивниот единствен меч минатата сезона во кој тие не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

Секако, Ливерпул ги подобри перфомансите во продолжението од сезоната, особено по победата во Минхен над Баерн со 1:3.

Но тие се враќаат сега во јужна Италија откако во Премиер лигата освоија максимални 15 поени и имаат комотна предност од пет бода на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…