На 21-ви јануари спортскиот свет беше потресен од исчезнувањето авионот со кој леташе новото засилување на Кардиф Емилијано Сала.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Полицијата после три дена потрага се откажа од обидите да ги пронајде пилотот Иботсон и Сала поради екстремно малите шанси за преживување во такви услови.
Сепак, после ова фудбалскиот свет се обедини и до вчера беа собрани 300.000 евра за потрагата да продолжи.
Денес над местото каде што исчезна авионот леташе авион, а во приватната потрага е вклучен и ловецот на исчезнати бродови, Мернс. Во својата кариера Мернс пронашол дури 24, па сите надеваат дека и овој пат ќе има успех.
„Семејството се надева и додека има надеж тие нема да престнат да бараат. Најголемиот проблем во оваа истрага е што имаме премалку информации за исчезнувањето“, изјавил ловецот на исчезнати бродови.