Лионел Меси ја извести управата на Барселона дека сака да замине, а тоа предизвика лавина реакции од незадоволство меѓу навивачите на клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веднаш беше свикан итен состанок во просториите на клуб, а пред нив се собраа и навивачи за да простестираат против управата.
Како што пренесуваат шпанските медиуми состанокот е завршен пред неколку минути. Неколку директори на Барселона, неофицијално, поднеле оставки.
Останатите одлучиле да потпишаат недоверба за претседателот Бартомеу, со цел на тој начин да се обидат да го симнат од позицијата.
Не очекува бурен период во Барселона, а прашање е како на крајот ќе заврши целата ситуација.