Дома Трансфер зона „Заборавениот“ Насри се враќа во Премиер лигата

„Заборавениот“ Насри се враќа во Премиер лигата

Сами Насри после позајмицата во Севиља се пресели во турскиот Анталијаспор, а потоа исчезна од фудбалската мапа.

Французинот во февруари оваа година заработи суспензија од шест месеци поради допинг, а во август казната му беше зголемена на додатни 12 месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, потоа истата казна беше намалена и му истече пред неколку дена, што значи дека Насри може да му се врати на фудбалот како слободен играч.

Англиските медиуми пренесуваат дека неколку европски клубови го саката неговиот потпис, а меѓу нив два клуба од Премиер лигата.

Имено, за 31-годишниот Французин интерес покажуваат Вест Хем и Евертон кои се спрмени да му дадат нова шанса.

Мануел Пелегрини одлично го познава Насри и сака да го засили тимот после големиот број на повреди, па во Французинот гледа идеална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…