Дома Македонски спорт ЖФК Љуботен поразен со убедливи 7:0 од Сент Полен

ЖФК Љуботен поразен со убедливи 7:0 од Сент Полен

Македонскиот женски фудбалски шампион ЖФК Љуботен не успеа да приреди сензација и убедливо загуби од Сент Полен со 7:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот натпревар кој се играше на комплексот на ФФМ фудбалерките на Љуботен како и што покажува резултатот и покрај големата желба беа инфериорни, противникот доминираше од почетокот до крајот.

На полувремето Сент Полен водеше со 3:0, a во вториот дел со уште четири гола стигнаа до убедливот триумф. На другиот полуфинален меч кој се одигра на истиот терен во Скопје Динамо Минск од Белорусија славеше со 5:0 над Локомотив Стара Загора од Бугарија.

Така во финалето од квалификациите силите ќе ги одмерат Сент Полен и Динамо Минск.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …