Дома Фудбал Жоржињо: Македонија на двата меча ни даде два гола од два шута

Жоржињо: Македонија на двата меча ни даде два гола од два шута

Плејмејкерот на Италија, Жоржињо зборуваше на пресконференцијата пред дуелот со Македонија во квалификациите.

Жоржињо е повратник во репрезентацијата и ги посочи очекувањата од дуелот со Македонија.

„Очекувам затворена, компактна Македонија која ќе се обидува од контранапади да го загрози нашиот гол. Јасно е дека ќе треба да бидеме организирани, да нападнеме, да постигнеме гол на време. Македонија на последните два меча од два шута ни даде два гола, тоа не смееме сега да го дозволиме“, изјави Жоржињо.

„Спалети добро ме прими, задоволен сум што ме врати во репрезентацијата. Мотивиран сум. Ако има пенал, ќе го шутнам, нема да се повлечам. Не се плашам, подготвен сум да преземам одговорност“, додаде Жоржињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …