Дома Фудбал Жоао Феликс е позитивен на Ковид

Жоао Феликс е позитивен на Ковид

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е позитивен на Ковид 19, потврди денес шпанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Португалец дал позитивен тест и веднаш е ставен во домашна изолација, соопштија од Атлетико.

Оваа сезона Феликс игра одлично и постигна 9 гола и 5 асистенции на 25 натпревари за Атлетико.

Во следните две недели на „јорганџиите“ им претсојат четири важни натпревари со Селта, Гранада и два меча со Леванте, кои Феликс готово сигурно ќе ги пропушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Модриќ останува во Милан

Еден месец и половина пред својот 41 роденден, ЛУКА МОДРИЌ склучи договор за останување во…