Францускиот напаѓач Оливие Жиру беше еден од стрелците во вчерашната победа на Франција против Австрија со 2:0.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот го постигна вториот гол на натпреварот во 65. минута откако Килијан Мбапе десетина минути порано го отвори резултатот. Со овој гол Жиру се запиша и во историјата на Франција како најстар стрелец.




Досегашниот рекорд со 35 години и 287 дена го држеше Роже Марш. Жиру голот го постигна со 35 години и 357 дена и така го сруши рекордот кој Марш го држеше цели 63 години.