Данскиот фудбалер Симон Кјаер од денес е нов играч на Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кјаер на „Сан Сиро“ пристигнува на позајмица од шест месеци откако во првиот дел од сезоната не се наигра многу во Аталанта. Но, веројатно во соблекувалната на Милан не се радуваат сите поради овој трансфер.
Тука се мисли на Златан Ибрахимовиќ кој пред неколку години имаше жесток дуел со Кајер додека го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, а Денцот настапуваше за турски Фенербахче.