Дома Фудбал Лига на шампиони Жезус се извини на Динамо за “контроверзниот“ гол

Жезус се извини на Динамо за “контроверзниот“ гол

Дуелот од 6. коло во групната фаза во ЛШ помеѓу Динамо Загреб и Манчестер Сити му припадна на гостинскиот тим.

На Динамо му беше потребна победа за да ја обезбеди Европската пролет, но Манчестер Сити се покажа како пресилен и без некои од нивните најголеми sвезди, на крајот славеа од високи 4-1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трите гола беа дело на фантастичниот Габриел Жезус, а Загрепчани му замерија за првиот, кој го постигнаа во моменти додека двајца фудбалери на Динамо лежеа на теренот.

Иако се покажа дека нема ништо спорно, по натпреварот Жезус му се извини на Динамо.

„Не ги видов играчите дека лежат на теренот бидејќи бев завртен со грб. Сакам да им се извинам поради тоа што не ги видов.“ – изјави напаѓачот на Граѓаните после натпреварот.

Освен Жезус, мрежата на Динамо во убедливиот триумф на Сити беше затресена и од Фоден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…