Дома Останати Кошарка Евробаскет Ефес и Реал ги дели чекор од завршницата на турнирот во Евролигата

Ефес и Реал ги дели чекор од завршницата на турнирот во Евролигата

Кошаркарите на Реал и Анадолу Ефес се на чекор до пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако во средата славеа во дуелите со Дарушафака, односно Олимпијакос и во четвртфиналните серии поведоа со 2-1.

Реал гостуваше во Истанбул и славеше кај Дарушафака 88:81. Играчите на Пабло Ласо од почетокот го наметнаа ритамот, во првата четвртина создадоа предност од 14 поени, на полувреме имаа вишок од 13 кошеви, а во еден момент во третата чевртина стигнаа и до 19 поени предност (68:49).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дарушафака успеа да се врати во натпреварот, на нецели пет минути до крајот со поените на Вонамејкер стигна до негатива од три коша 77:74, но Реал го одби тој напад и успеа да победи.

Љуљ и Керол постигнаа по 21 поен за Реал, а Дарушафака ја предводеше Жижиќ со 20 поени.

Ефес по победата во Атина, успеа да го победи Олимпијакос и во првиот меч кој во оваа серија го одигра на домашен терен. Ефес славеше со 64:60, а клучна за победата беше серијата од 14:0 која домашните кошаркари ја направија кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме.

Данстон беше најефикасен кај Ефес со 16 поени, а Ертел постигна 13, додека Спанулис со 15 кошеви беше единствениот со двоцифрен учинок во редовите на Олимпијакос.

Натпреварите број 4 од овие серии ќе се одиграат в петок, а домаќини повторно ќе бидат истанбулските тимови Дарушафака, односно Ефес.

Пласман на завршниот турнир веќе обезбедија ЦСКА Москва и Фенербахче

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Дончиќ со брутален настап ги уништи Клиперс, Далас на само една победа од следната фаза

Tимот на Далас направи голем чекор напред кон следната фаза од плеј-офот. Со последниот тр…