Дома Останати Кошарка Евробаскет Ефес ги надиграа Олимпијакос, Дарушафака тесно подобри од Бамберг

Ефес ги надиграа Олимпијакос, Дарушафака тесно подобри од Бамберг

Кошаркарите на Анадолу Ефес вечерва постигнаа победа од 77:69 над Олимпијакос во првиот натпревар од 29. коло од Евролигата.

Домашниот тим Анадолу Ефес беше во водство во текот на поголемиот дел од натпреварот, а најефикасен на дуелот беше Томас Ертел со 18 поени.

Бамберг – Дарушафака завршија 97:99,  а Барселона беше подобра од Макаби со 76:71.

Денес се играат натпреварите: Црвена Звезда – Уникс, Галатасарај – Басконија, Жалгирис – Милано Армани, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Реал Мадрид – Фенербахче.

Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА 21-7, Олимпијакос 19-10, Фенербахче 17-11, Анадолу Ефес 17-12, Панатинаикос 17-11, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 13-15, Барселона 12-17, Бамберг 10-19, Галатасарај 10-18, Макаби 10-19, Уникс 7-21, Милано Армани 7-21.

Пласман во ТОП 8 фазата досега имаат обезбедено Реал Мадрид, ЦСКА, Олимпијакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Панатинаикос, Басконија. На две кола докрајот за последното место конкурираат Црвена Звезда и Дарушафака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…