Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер се засили со дански ракометар!

Еурофарм Пелистер се засили со дански ракометар!

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона со Еурофарм Пелистер со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, соопштија од битолскиот клуб.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…