Дома Останати Ракомет Еурофарм Пелистер го промовираше за ново засилување, а тој позираше со дуксер од ПСЖ

Еурофарм Пелистер го промовираше за ново засилување, а тој позираше со дуксер од ПСЖ

Десниот бек, Павле Петровиќ кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.

23-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи.

Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот“, изјави Петровиќ.

Интересно е што на промоцијата тој позираше во дуксер од Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…