Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер го победи Партизан во Белград

Еурофарм Пелистер го победи Партизан во Белград

Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на новата сезона во СЕХА лигата откако со 25-23 победи на гостувањето кај Партизан.

Битолчани имаа силна поддршка од своите навивачи во Белград кои направија фантастична атмосфера.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Еурофарм Пелистер во текот на првото полувреме на двапати имаше предност и од пет разлика, на одморот заминаа со водство од 13-10.

На стартот на вториот дел битолчани повторно дојдоа до пет гола предност (17:12), но следуваше пад, па Партизан дојде до израмнување 19-19.

Потоа Пелистер направи серија од неколку гола и уште на пет минути пред крајот дојде до три гола разлика, предноста ја одржуваше до крај за конечни 25:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени имињата на клубовите кои добија лиценца настап во Европа

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека …