Дома Фудбал Англија Ериксен одби нов договор, што следува сега?

Ериксен одби нов договор, што следува сега?

Кристијан Ериксен одбил да го продолжи договорот со Тотенхем.

Тотенхем со сите сили се обидува да го убеди Ериксен да го продолжи договорот, но данскиот играч одбива да потпиша, па во Спарси стравуваат дека на крајот од сезоната ќе замине бесплатно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ериксен влезе во последната година од договорот, но не помислува да стави потпис на нов, па се поизвесно е негов бесплатен трансфер во некој друг клуб.

Данскиот репрезентативец инаку се поврзува со Јувентус и се верува дека Старата дама работи на тоа следното лето да го донесе бесплатно, но за неговите услуги се интересираат уште и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Сепак, ниту еден клуб до сега не почнал преговори со 27-годишниот играч, а во Тотенхем не сака да прифати ниту 11 милиони евра по сезона, па се смета дека веќе донел одлука да го напушти лондонскиот клуб по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…