Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:1 во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата и со тоа го израдуваа Унаи Емери на неговото деби на клупата на овој клуб.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Емери не можеше да сонува за подобар старт на клупата на тимот од Бирмингем, а Шпанецот денеска веќе прекина една од негативните традиции на Вила.




Имено, Астон Вила на победа против „црвените ѓаволи“ чека уште од август 1995 година, кога домашната екипа славеше на „Вила Парк“ со истиот резултат како и денес.




Стрелци за Астон Вила тогаш беа Иан Тејлор, Марк Дрејпер и Двајт Јорк, додека утешниот гол за Јунајтед го постигна Дејвид Бекам. Овој пат херои на навивачите на Вила беа Леон Бејли, Лука Дињ и Џејкоб Ремзи.