Дома Фудбал Останато Емери го „закова“ на клупата, а тој си замина со 10 милиони евра – сега ќе има прилика за одмазда!

Емери го „закова“ на клупата, а тој си замина со 10 милиони евра – сега ќе има прилика за одмазда!

ben arfa emery

Aрсенал во Лигата на Европа ќе игра против Рен, а во центарот на вниманието ќе бидат две личности.

Хатем Бен Арфа ќе има прилика за одмазда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот фудбалер после фантастичната епизода во Ница, пристигна во Париз кога тоа го направи и Унаи Емери.

Добриот однос помеѓу овие двајца не се задржа долго. Односот започна да им се влошува кога Емери јавно почна да му забележува на фудбалерот за себичноста. На еден од тренинзите Емери му се обратил на Бен Арфа: Престани да се однесуваш како да си Меси, ти не си Меси!

Сепак, Бен Арфа продолжи по свое при една расправија на еден од тренинзите му кажал на Емери дека е толку лош тренер што никогаш нема да го помине четвртфиналето во Лигата на шампионите дури и да го има најдобриот тим во светот. Покрај му се потсмеваше на Емери имитирајќи го како зборува француски, а помошниците на Шпанецот го виделе како јаде ќебапи пред тренинг центарот.

ben arfa emery

На крајот следуваше познатата епизода кога Емери од Катар на Бен Арфа му се обратил: Па вас е полесно да ве сретнам отколку претседателот Ал Келаифи. Тука не беше крајот. Бен Арфа остана „закован“ на клупата и во втората сезона не одигра ниту еден натпревар. Алвес и Максвел го убедуваа Емери да му пружи прилика за да добие медал за освоената титула, но Шпанецот остана на своето.

На крајот и едниот и другиот си заминаа, Емери во две години не го помина четвртфиналето во Лигата на шампиони, а Бен Арфа собра 10 милиони евра и замина како слободен играч во Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…