Дома Фудбал Англија Елнени го откри новиот клуб на Озил: „Секогаш зборува за нив“

Елнени го откри новиот клуб на Озил: „Секогаш зборува за нив“

Мохамед Елнени дополнително ги ‘подгреа’ гласините дека Месут Озил може да го засили тимот на Фенербахче.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако неговиот статус со доаѓањето на Артета се подобри, се повеќе се шпекулира за тоа дека германскиот фудбалер може да го засили Фенербахче, а на таа тема сега зборуваше и Елнени.

Фудбалерот на Бешикташ, кој е под договор со Арсенал, откри дека Озил во меѓусебните разговори често го споменува Фенербахче.

„Месут го сака Фенербахче. Често зборува за клубот и навивачите. Ако мене ме прашате, мислам дека би можел да дојде. Секогаш сака да ме испровоцира пеејќи ги нивните навивачки песни.“ – изјави Елнени за Bein Sport.

Освен тоа што Фенербахче му е омилен турски клуб, Озил е поврзан и за Истанбул, каде се наоѓа поголем дел од неговото семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Напаѓачот на Јувентус си ја отвори душата: Го допрев дното, плачев на тренинзите…

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик (32) искрено ја отвори својата душа во последниот подкаст …