Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Елмас: Не не интересира дали Холандија ќе игра со втор состав

Елмас: Не не интересира дали Холандија ќе игра со втор состав

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам

Елиф Елмас денес беше еден од фудбалерите кои зборуваа за брифингот со новинарите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елмас најавува дека Македонија и против Холандија ќе оди на победа и потенцираше дека во двата натпревари Македонија не одиграла лош, но сепак не успеала да победи.

„Подготвени сме трениравме денес сите заедно, не чека тежок натпревар. Холандија можеби ќе настпаи со втор тим, но нас тоа не не интересира, наше е да излеземе и да играме како што одигравме и во претходните натпревари. Јас секогаш велам дека одиме на победа, така е и овој пат. Сакаме да ја израдуваме нацијата барем со една победа. Одигравме два добри натпревари, но некогаш и тоа искуство е пресудно, затоа е важно што повеќе да бидеме на вакви натпреварувања“:

„Претходниот натпревар одигравме одлично второ полувреме, меѓутоа на вакви натпревари тоа не е доволно, треба да одиграш на највисоко ниво во цел натпревар. Штета е што не освоивме барем еден бод во претходните натпревари, сега можеби ќе се боревме за место во следната фаза преку третата позиција“.

„Не можеме да кажаме предвреме дали ќе биде отворен натпревар, тоа зависи од текот на мечот. Ние треба да играме она што го игравме до сега. Со Австрија и Украина веќе докажавме дека заслужуваме да бидеме тука, но друго е кога ќе имаш освоени три бода и тоа против една Холандија“.

„Не ја губиме нашата самодоверба, нема зошто да се случи тоа. Изгубивме и тажни сме, меѓутоа како што кажав одигравме два солидни дуели. Против Холандија ќе се обидеме да не ни се повторат грешките од претходните натпревари и да паднеме со темпото во еден момент како што ни се случуваше“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

УЕФА конечно ќе ја исправи големата неправда кон Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски наскоро би требало да ја доби „Златната топка“ за 2020…