Дома Фудбал Останато Ел Шарави блесна во Кина: Во 20 минути два пати го лобуваше голманот (ВИДЕО)

Ел Шарави блесна во Кина: Во 20 минути два пати го лобуваше голманот (ВИДЕО)

Шангај Шенуоха славеше на гости кај Далијан Џифанг со 3:2 во полуфиналето од кинескиот куп.

Херој на Шангај беше поранешниот напаѓач на Рома Стефан Ел Шарави кој постигна два гола, додека еден беше дело на Морено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ел Шарави на два пати во дваесетина минути го лобуваше противничкиот голман, прво во 22-та минута, а потоа во финишот од полувремето.

На овој натпревар во листата на стрелци се запиша и Марек Хамшик кој во Кина пристигна од Наполи, но неговиот гол за 1:0 во 14-тата минута не беше доволен за Далијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва го прави трансферот на кариерата

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва наскоро би можел да го направи еден од најгол…