Дома Топ вести Ексклузива на „Франс Фудбал“: Зидан пред си замине го договорил – Садио Мане!

Ексклузива на „Франс Фудбал“: Зидан пред си замине го договорил – Садио Мане!

mane

Како што ексклуизвно пренесува „Франс Фудбал“, Реал Мадрид од поодамна ја одредил првата мета за ова лето.

„Кралевите“ се поврзуваа со голем број фудбалски ѕвезди како Нејмар, Мбапе, па и Салах, но сега француските медиуми пренесуваат дека главна мета на шпанскиот гигант е Сенегалецот, Садио Мане!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, во Реал направиле план за Мане да биде нивното прво засилување ова лето, а се наведува и дека постигнале вербален договор со фудбалерот на Ливерпул.

Со Ливерпул договор не е постигнат, но доколку информациите на францускиот медиум се точни тогаш „кралевите“ веќе завршиле голем дел од работата.

Сепак проблем во целата зделка би можела да биде оставката на Зинедин Зидан. Токму Французинот беше главниот иницијатор за трансферот на ѕвездата на Ливерпул, па сега не е јасно дали новиот стратег на „кралевите“ би го сакал Мане во тимот.

Тешко е да се поверува дека некој стратег не би сакал во својот тим да има фудбалер со квалитети со какви што располага Мане, но едно е сигурно целата работа ќе биде на „стенд бај“ додека во Мадрид не го пронајдат наследникот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…