Дома Фудбал Италија Една добра и една лоша вест за Јувентус

Една добра и една лоша вест за Јувентус

Јувентус денес ги објави резултатите од прегледите за повредата на Џорџо Киелини и ги израдува своите фанови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, повредата на Киелини не е сериозна и дефанзивецот ќе биде спремен да првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

„Нема ништо сериозно. Киелини веќе го започна периодот на рехабилитација и после една недела ќе бидат направени нови тестови“, стои во соопштението.

Во меѓувреме од Бразил пристигнаа лоши вести за Јувентус. Алехс Сандро го напушти денешниот тренинг на репрезентацијата поради повреда, а засега нема информации колку време ќе отсуствува од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сон: Чувам голови за Светското првенство

Капитенот на корејската репрезентација, Хјон-Мин Сон, не е загрижен за недостатокот на гол…