Франк Лампард се врати во Челзи, откако премиерлигашот го отпушти Грем Потер, па сега легендата на клубот ќе треба да го извлече тимот од кризата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лампард ќе остане познат и по тоа што промовираше голем број младинци на Челзи во првиот тим, меѓу кои беа Мејсон Маунт и Рис Џејмс.
Маунт не добива шанса во екипата во последно време, а на последните два натпревари не одигра ниту една минута, иако им беше достапен и на Потер и на Бруно Салтор.
Лампард му верува на Маунт, кој го тренираше и во Дерби и кажа што очекува од него во продолжение од сезоната.
„Мејсон секогаш бил фантастичен фудбалер, кој сум го тренирал во Дерби и Челзи. Знам дека имаше проблеми со повреди, но ќе дознаам сега во каква форма се наоѓа знам дека може да биде важен фудбалер за Челси“, кажа Лампард.