Крилниот играч на Бостон и американската кошаркарска репрезентација Џејсон Татум ќе ги пропушти најмалку следните два натпревари на репрезентацијата на САД на Светското првенство Кина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Татум се повреди во последните минути од драмата против Труција. Тој лошо доскокна и го повреди левиот зглоб.
Пред тимот на Грег Попович е уште еден натпревар во првиот дел, утре ќе Американците ќе играат против Јапонија. Во вториот круг САД ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Грција и Нов Зеланд, додека на 9-ти септември ги чека судир со Бразил.
Според информациите Татум ќе биде спремен токму за тој натпревар против Бразил.
Татум е исклучително важен за репрезентацијата на САД и во вчерашната луда завршница против Турција беше еден од најзаслужните што неговата селекција дојде до победа.