Дома Фудбал Англија Еве чиј дрес ова лето е најпродаван на Островот: Кој е омилен во Премиер лигата?!

Еве чиј дрес ова лето е најпродаван на Островот: Кој е омилен во Премиер лигата?!

Доказ дека ПЛ е најпопуларната лига во светот, е и фактот дека маркетинг стратезите сериозно се занимаваат и со овие детали.

Според истражувањата, ова лето најпродаван дрес во ПЛ е оној на Пол Погба.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сите знаеме колку Погба маркетиншки е исплатлив фудбалер и според познавањата на теренот, особено го ценат и оние кои заработуваат на неговиот бренд.

Тој ја „одбрани“ титулата, бидејќи неговиот дрес со број 6 беше најпродаван и изминатото лето, што тогаш беше и очекувано бидејќи штотуку пристигна како најголемо засилување во историјата во тој момент.

По Погба, по број на продадени дресови следи неговиот соиграч, Лукаку, трет е Еден Азар, а интересно е што на петото место е Маркус Рашфорд, зад Александар Лаказет.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Астон Вила го награди Емери со нов договор

Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила како награда за  добрите резултат…