Дома Фудбал Лига на шампиони Дури и Клоп жали за елиминацијата на Манчестер Сити

Дури и Клоп жали за елиминацијата на Манчестер Сити

Екипата на Манчестер Сити испадна од ЛШ по елиминацијата од Тотехнем, а за тоа дури жали и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп.

Да потсетиме, Клоп и Црвените се пласираа во полуфиналето преку Порто и ја продолжуваат битката на двата фронта – Премиер лигата и ЛШ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Премиер лигата за титулата се борат токму со Сити, па новинарите го запрашаа Германецот како на таа борба ќе влијае испаѓањето на Граѓаните од ЛШ.

„Не знам, но тоа беше неверојатен начин на елиминација. Навистина ми е жал. Сите мислеа дека тоа е гол и го прославија. Некои луѓе велат дека доколку не беше ВАР ова ќе беше сигурен погодок, но се уште дискутираме за тоа. Беше офсајд, но тешка одлука.“ – изјави Клоп.

Инаку, неговиот Ливерпул веќе викендот игра натпревар во Премиер лигата против Кардиф во гости, а потоа гостува кај Барселона во рамките на полуфиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…