Дома Македонски спорт Дубаи можна опција за Енис Барди?!

Дубаи можна опција за Енис Барди?!

Според информациите на турските медиуми, македонскиот репрезентативец, Енис Барди би можел да се пресели на позајмица во клуб од Дубаи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Подолго време во турските медиуми кружат шпекулации за иднината на „десетката“ на македонската репрезентација, а сега најавите се дека денешниот натпревар на кој играше во стартните 11 против Ризеспор може да биде негов последен за Трабзонспор.

Претходно Барди се поврзуваше со трансфер во Кардиф, меѓутоа и во МЛС лигата во САД, а последно пред денешната информација беше дека турскиот клуб добил две понуди за услугите на македонскиот репрезентативец.

Договорот на Барди со Трабзонспор истекува на крајот на сезоната и тогаш би бил слободен агент во изборот на новата средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…