Дома Фудбал Останато Дојде редот и на „Моцарт“ – Андреа Пирло даде свое мислење за контроверзниот пенал

Дојде редот и на „Моцарт“ – Андреа Пирло даде свое мислење за контроверзниот пенал

Иако поминаа веќе два дена во фудбалскиот свет се уште се зборува за контроверзниот пенал досуден во корист на Реал Мадрид во ¼ финалето од Лигата на шампионите

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Свое мислење даде и Андреа Пирло кој помина долг период во редовите на Јувентус.

„Дали беше пенал? Мислам дека би можело да биде“, изјави Пирло и додаде:

„Но го разбирам Буфон и јас да сум на негово место би полудел. Сметаше дека е оштетен, но мораме да го разбереме и тоа што ова е негова последна сезона во Лигата на шампионите и силно сакаше да го освои трофејот по прв пат во својата кариера“.

„Оваа елиминација ќе има последици, а разочарувањето ќе остане, но веќе после само неколку дена Јувентус ќе мора своето внимание да го насочи кон лигата и купот“, заврши популарниот „Моцарт“.

Андреа Пирло на почетокот на оваа година се прости од фудбалот на својата 38 година. Во Јувентус играше од 2011 до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…