Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ го предводеше Далас до победа, одлична вечер за Богдановиќ во поразот на Јута (ВИДЕО)

Дончиќ го предводеше Далас до победа, одлична вечер за Богдановиќ во поразот на Јута (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Кошаркарите на Далас Маверикс на гости ја победија Оклахома со 107:97.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и на останатите натпревари и во овој се беше во знакот на Коби. Кошаркарите доаѓаа во негови дресови, а првите 24 секунди од нападот беа во чест на легендарниот кошаркар.

Кога во прашање е самиот натпревар Далас славеше против Оклахома и дојде до својата 29. победа оваа сезона. Гостите од самиот почеток имаа предност и беше јасно дека на Оклахома ќе и биде тешко. Маверикс работата ја завршија во првото полувреме во кое имаа предност од 59:47. Оклахома се обиде во продолжение да ја стигне предноста, но не успеаа. На крајот гостите славеа со 107:97.

Далас до победата беше предводен од Лука Дончиќ кој уфрли 29 поени, додаде 11 скокови и запиша 5 асистенции. Кај Оклахома Денис Шордер постигна 21 поен.

Oдлична вечер имаше Гордон кој во победата на Хјустон против Јута на гости од 117:126 постигна 50 поени и додаде 6 скокови и 3 асистенции. Одлична вечер имаше и Бојан Богдановиќ на спротивната страна кој стигна до 30 поени, 1 скок и 4 асистенции.

НБА резултати:

Детроит – Кливленд 100:115

Мајами – Орландо 113:92

Чикаго – Сан Антонио 110:109

Минесота – Сакраменто 129:133 (пп)

Оклахома – Далас 97:107

Јута – Хјустон 117:126

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …