Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ блесна во третата четвртина и постави личен рекорд, Далас до победа, Бруклин обезбеди плеј-оф

Дончиќ блесна во третата четвртина и постави личен рекорд, Далас до победа, Бруклин обезбеди плеј-оф

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Далас Маверикс по поразот од Сакраменто дојде до победа против Голден Стејт. Лука Дончиќ играше одлично и после три четвртини беше седнат на клупата затоа што Далас веќе ја имаше обезбедено победата. Конечниот резултат на крајот гласеше 133:103, а Дончиќ постигна 39 поени и собра осум асистенции и шест скока. Посебно блескаше во третата четвртина кога постигна 23 поени. Кога во прашање е една четвртина тоа е негов личен рекорд. Мечот беше решен во првата четвртина која Мавси ја добија со 36:12.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруклин е првиот тим од Истокот кој го обезбеди плејофот. Нетси беа подобри од Торонто со 116:103, одличен беше Џеф Грин кој постигна 22 поени, Кевин Дурант успеа да дојде до дабл-дабл од 17 поени и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Оклахома 115:119, Шарлот – Милвоки 104:114, Индијана – Портланд 112:133, Торонто – Бруклин 103:116, Хјустон – Минесота 107:114, Голден Стејт – Далас 103:133.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…