Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Донарума: Неверојатно чувство, каде бевме, а каде стигнавме!

Донарума: Неверојатно чувство, каде бевме, а каде стигнавме!

Eден од најдобрите во репрезентацијата на Италија во вчерашната победа против Шпанија беше голманот Џанлуиџи Донарума.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Донарума го одбрани клучниот пенал на Мората, а и во текот на натпреварот имаше неколку добри интервенции. Голманот после победата истакна големо воодушевување за патот кој го поминаа „Аѕурите“ во претходните четири години кога доживеаа фудбалски крај и не се пласираа на СП.

„Тешко е да се опише. Неверојатно е! Ова е победа за Спинацола, посебно чувство, посебни емоции. Не треба да заборавиме каде бевме и каде стигнавме сега. Тргнавме од дното, а погледнете каде сме сега. Возбуден сум поради тоа“, изјави Донарума.

Ќе потсетиме Италијанците под водство на Роберто Манчини се во серија од 33 натпревари без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Објава за потрес – Халанд во нападот, а Јирген Клоп на клупата?!

Веста на денот, можеби и на месецот или годината, доаѓа од претседателскиот кандидат на Ре…