Дома Фудбал Италија Договорот на Малдини истекува утре, молк во Милан

Договорот на Малдини истекува утре, молк во Милан

Се уште не е јасно дали директорот и легеда на Милан, Паоло Малдини ќе остане во клубот, бидејќи неговиот договор завршува на 30 јуни.

Малдини покажа дека е одличен како директор и е еден од најзаслужните што Милан се врати на победничките патеки, па се очекуваше сигурно да остане во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот договор на Малдини истекува на 30-ти јуни, па сомнежите за негово останување се се поголеми, бидејќи се уште не ставил потпис на нов договор.

Промената на сопствениците на клубот ја искомплицира ситуацијата, па медиумите тврдат дека Малдини не е задоволен од буџетот кој го добил за трансфери, но и побарал поголема слобода во одлучувањето.

Навивачите се разочарани од целата ситуација, никој не може да го замисли Милан без Малдини па се надеваат дека до утре легендата ќе стави потпис на нов договор и ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…