Дома Фудбал Англија Добри вести за Ливерпул пред дербито

Добри вести за Ливерпул пред дербито

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз најверојатно ќе биде дел од тимот за престојното дерби со Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.

Колумбиецот се врати од повредата и од вторникот тренира со остатокот од тимот. Дијаз е надвор од терените уште од октомври поради повреда на коленото.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Готово сигурно дека Дијаз ќе биде на клупата на мечот на „Етихад“ и доколку дозволи лекарскиот тим ќе може да одигра неколку минути.

26-годишниот Дијаз е многу важен играч во тимот на Клоп, но оваа сезона одигра само 8 меча на кои постигна 3 гола.

Ова сигурно е одлична вест за „црвените“ бидејќи се враќа важен играч за завршниот дел од сезоната кога тимот ќе се бори за 4-то место и пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…