Дома Фудбал Добри вести за Ливерпул: Алисон се врати на тренинзите

Добри вести за Ливерпул: Алисон се врати на тренинзите

Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер започна со индивидуални тренинзи и може да се врати  на терените до крајот на месецот, пренесуваат медиумите на Островот.

Бразилецот се здоби со повреда на рамото на 3 октомври и се очекуваше дека ќе биде надвор од терените околу шест недели, но рехабилитацијата оди побрзо од очекуваното.

Неговиот заменик, Адриан не се претставува баш најдобро и на два натпревари додека го заменуваше Алисон прими 9 гола.

Поради тоа веста за брзото враќање на Бразилецот ќе ги израдува сите фанови на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бриж застана на врвот: Леко го повтори стартот од шампионската сезона

Со три гола пред паузата, Бриж го скрши Зулте Варегем и славеше со 4:2. Тимот на Иван Леко…