Дома Фудбал Англија Добри вести за Солскјер: Рашфорд најави враќање на терените

Добри вести за Солскјер: Рашфорд најави враќање на терените

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд најави дека наскоро ќе започне со тренинзите.

„Во петок одам кај докторот на консултации. Се е во ред, ќе добијам зелено светло за враќање на тренинзите“, напиша Рашфорд на социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поголем дел од минатата сезона Рашфорд имаше проблеми со повреда на рамото, а откако со репрезентацијата на Англија настапуваше на Европското првенство се одлучи на операција. Рашфорд беше опериран на 6. август, четири дена подоцна изјави дека се поминало добро.

Од почетокот на сезоната пропушти осум натпоревари на Јунајтед кој во саботата доживеа нов пораз од Астон Вила. Во среда екипата на Оле Гунар Солскјер ќе го пречека Виљареал во Лигата на шампионите.

Исто така Рашфорд ќе ги пропушти натпреварите од квалификациите за Светското првенство против Унгарија, Андора и Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…