Дома Македонски спорт „Дно, нула, ниту „р“ од ракомет“ – битолската јавност бесна по новиот пораз од Вардар!

„Дно, нула, ниту „р“ од ракомет“ – битолската јавност бесна по новиот пораз од Вардар!

Вардар вчера го победи Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби и најави пеколна сезона во македонскиот ракомет.

Овој пораз за Еурофарм Пелистер, веќе беше втор од најголемиот ривал сезонава. Па поради тоа и незадоволството кај битолските навивачи е огромно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На една најпознатите навивачки страни посветени на битолската гордост беше објавена порака за преземање на одговорност, а ниту коментарите од навивачите на објавата не се многу поразлични.

„ПОРАЗ ! ДНО ! НУЛА ! НИ ‘Р’ ОД РАКОМЕТ !

ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ ! ЃАВОЛОТ ЈА ОДНЕЛ ШЕГАТА ! СТРУЧЕН ШТАБ, СПОРТСКИ ДИРЕКТОР – ОДГОВОРНОСТ ОДМА ! ОВА БИТОЛА НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА, ОВА ЧКЕМБАРИ НЕ ГО ЗАСЛУЖУВААТ !“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…