Дома Фудбал Англија Дисциплината на прво место: Еве колку се плаќа за секој прекршок во Челзи

Дисциплината на прво место: Еве колку се плаќа за секој прекршок во Челзи

Лампард во Челзи води голема сметка за дисциплината и тоа можеби е една од причината за добрите настапи на Челзи оваа сезона. Лампард до неодамна беше играч, меѓутоа во Челзи поставил строги правила.

На социјалните мрежи се појави ценовник со казните во Челзи за секој прекршок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според тој ценовник доцнење за на натпревар без разлика дали на гости или дома се плаќа со 2500 фунти. Доцнење на припремен состанок за тренинг исто така со 2500 фунти, како и дополнителни 2500 фунти за секои дополнителни 15 минути доцнење.

За непојавување во теретана казната е 1000 фунти, а за на третман после тренинг 2500 фунти. Доцнење на тимски состанок се казнува со 500 фунти, но по минута! Доддека непојавување на почетокот на тренингот носи казна од дури 20000 фунти.

Доколку на некој играч му заѕвони телефонот сред состанок ќе мора да плати 1000 фунти. За доаѓање во погрешна комбинација облека на пат за натпревар се казнува исто така со 1000 фунти.

Една од највисоките казни кај прекршоците е ако играчот не се пријави на време повреда или болест за тоа се плаќа 10000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…