Кристијано Роналдо од 2018 до 2021 година играше за Јувентус од каде што се врати во Манчестер Јунајтед.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот беше незадоволен после првата сезона на „Олд Трафорд“ и сакаше да замине, но неговиот агент Жорге Мендеш иако се обидуваше сепак, не успеа да му пронајде адекватен клуб.




За „ДАЗН“ ситуацијата на Роналдо ја коментираше и директорот на Јувентус, Маурицио Аривабене.
„Со Роналдо се разделивме со меѓусебна почит. Ова што му се случува во Манчестер Јунајтед не е наш проблем. Жал ми е да го гледам во таква непријатна ситуација за него, но тој повеќе не е наш проблем“, изјави Аривабене.




Со Ерик Тен Хаг Роналдо во Јунајтед сезонава беше стартер само на натпреварот против Брентфорд кој Јунајтед го загуби со 4:0, во останатите влегуваше од клупата.