Дома Фудбал Италија Директорот на Милан: Премиер лигата веќе е како Суперлига

Директорот на Милан: Премиер лигата веќе е како Суперлига

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис смета дека англиските клубови направиле голем чекор напред пред другите клубови на Стариот континент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој смета дека главна причина за тоа е што инвестирале во инфраструктура и имаат свои стадиони.

„Премиер лигата драстично се промени се претвори во еден вид Суперлига поради новите стадиони на клубовите. И ние во Серија А треба да го направиме тоа. Италијанскиот фудбал заостанува бидејќи не инвестира во инфраструктура“, смета Газидис.

„Изградбата на новиот стадион во Милано е од клучно значење за да се вратиме на врвот, како на теренот така и надвод од него. Новиот стадион ќе биде еден од најубави и најмодерни во светот и ќе ни носи големи приходи“, додаде Газидис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…