Дома Фудбал Италија Дипломираниот економист Киелини има три предлози за Јувентус

Дипломираниот економист Киелини има три предлози за Јувентус

Платите во европските клубови полека почнуваат да бидат тема поради пандемијата од коронавирусот. Фудбалот е стопиран, а клубовите немаат приходи и тешко можат да ги исплатат стандардните договори на играчите.

Претходните неколку денови се пишуваше за ситуацијата во Барселона, а тука на Балканот со платите главна тема Динамо Загреб каде што фудбалерите одбија да добиваат помали плати. Сега таа тема на ред дојде во италијанскиот шампион Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џорџо Киелини има диплома за економија, а воедно тој е и еден од играчите со поголем авторитет во соблекувалната на клубот од Торино, па поради тоа си дозволил на клубот да му претстави три сценарија за надминување на кризата.

Ова се предлозите на Киелини:

-Играчите веднаш би добиле плата за март, а потоа би се согласиле да не добиваат ништо се додека не продолжи да се игра фудбал. Со тоа што заостанатата сума би била исплатена во подобри времиња.  Ова е и основата на наредните два предлози.

– Играчите привремено би се откажале од две од наредните четири плати (од март до јуни) во случај првенството и дефинитивно да се прекине, односно една од четири плати ако Серија А продолжи да се игра. И овде секако е предвидено во наредните сезони клубот да ги израмни долговите кои ќе се направат.

-Играчите веднаш би се согласиле во наредниот месец ипол да не добијат плата, без оглед на тоа што ќе се случува со првенството. Се подразбира се да биде вратено кога работите ќе се вратат во нормала.

Ќе видиме дали раководството на Јувентус ќе се реши за некој од овие три предлози или пак ќе пронајде друго решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…