Екипата на Фејнорд во продолжение на сезоната ќе ја води искусниот холандски тренер Дик Адвокат, соопштија од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во новата сезона Фејнорд не игра најдобро, а одговорноста за лошите резултати ги презема поранешниот дефанзивен фудбалер Јап Стам кој во меѓувреме доби и наследник.
Како што и официјално е потврдено, тоа ќе биде 72-годишниот Дик Адвокат, за кој ова е прв ангажман откако замина од Утрехт на крајот од минатата сезона.
„Кога тренер како Адвокат е слободен и спремен да помогне, не мора многу да размислувате.“ – изјави директорот на Фејнорд, Труст.
Низ богатата кариера Адвокат веќе имаше Прилика да го води Фејнорд, а помеѓу останатите ги предводеше уште ПСВ, Фенербахче, Борусија Менхенгладбах, Глазгов Ренџерс, Зенит…Исто така, беше селектор на репрезентациите на Србија и Холандија.
Адвокат со Фејнорд потпиша договор до крајот на актуелната сезона.
OFFICIEEL ?
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) October 30, 2019
Dick Advocaat is de nieuwe hoofdtrainer van #Feyenoord: