Диего Коста наводно е незадоволен со својот статус и размислува да го напушти Атлетико, ако клубот не реагира.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пишуваат дека натурализираниот Шпанец е спремен да го напушти Атлетико бидејќи според него клубот не го почитува доволно.
Поради понудата од Барселона, Атлетико беше принуден да ја зголеми платата на Антоан Гризман со цел да го задржи во клубот. Французинот според сегашниот договор заработува 20 милиони евра.
Диего Коста во Атлетико добива осум милиони годишно и според „Марка“ таквата ситуација е причина за незадоволство кај напаѓачот.
Реномираниот шпански медиум тврди дека Коста веќе разговарал со управата и сака зголемување на платата, дури се наведува и дека најавил заминување доколку тоа не се случи.
https://www.youtube.com/watch?v=pVwTCqIqkz4