Дома Фудбал Италија Дибала не е задоволен од тактиката на Мурињо: Треба да ризикуваме повеќе

Дибала не е задоволен од тактиката на Мурињо: Треба да ризикуваме повеќе

Пауло Дибала се рехабилитираше од повредата токму пред стартот на Мундијалот и и помогна на Рома да избегне пораз на мечот против Торино.

Меѓутоа, Дибала по мечот истакна дека не е задоволен од позицијата на Рома на табелата во моментов.

„Треба да преземаме поголем ризик понекогаш, без да мислиме премногу што може да се случи после тоа. Играме премногу позиционирано, а имаме неверојатни индивидуални квалитети, но потребна ни е поголема смелост. Треба да играме организирано и да создаваме заедно шанси, а не да чекаме некој од соиграчите да направи нешто сам“.

„Не сум задоволен од позицијата на табелата, сигурно сакавме да сме погоре, но се уште има време. Има уште многу натпревари и можеме да ги достигнеме целите“, изјави Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aргентинецот од Ливерпул се растажил: Видов дека други ги продолжија договорите…

Познатиот аргентински фудбалер Алексис Мекалистер истакна дека е разочаран што Ливерпул не…