Дома Фудбал Италија Дибала: Алегри и Мурињо се слични, но поблизок сум со Жозе

Дибала: Алегри и Мурињо се слични, но поблизок сум со Жозе

Пауло Дибала ова лето се пресели во Рома и изгледа дека направи вистински потег бидејќи игра одлично под палката на Мурињо.

Аргентинецот направи споредба помеѓу Мурињо и Алегри и призна дека е поблизок со Португалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мурињо и Алегри се многу слични во некој поглед, но и толку различни во некои други страни. Ќе бидам искрен, имам многу поблизок однос со Мурињо, зборуваме многу почесто и ги разменуваме идеите“, изјави Дибала, кој сепак призна дека многу напредувал под палката на Алегри.

„Во фудбалот секој треба да ги споделува своите идеи, така беше меѓу мене и Алегри и секогаш го дававме најдоброто за Јувентус. Алегри е еден од тренерите кои ми помогнал најмногу да се развијам низ годините во Јувентус. Знам дека на социјалните медиуми некој односот ќе го оценат како контроверзен, но дефинитивно не е така“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…