Дома Фудбал Италија Ди Франческо добил ултиматум, Тоти и Де Роси на клупата носат свој поранешен соиграч?

Ди Франческо добил ултиматум, Тоти и Де Роси на клупата носат свој поранешен соиграч?

Како што сега стојат работите само две победи го спасуваат Ди Франческо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако не победи утре против Сасуоло или за викендот против Парма, Ди Франческо многу веројатно ќе биде сменет.

Тој остана на клупата после Јувентус, извесно е дека клубот од Рим нема решени, кандидатот на Мончи е Паоло Соуса, а Шпанецот не го сака Монтела кој не се покажа во Севиља.

Меѓутоа како што дознаваа италијанските медиуми би можеле да видиме големо изненадување и тоа во режија на Тоти и капитенот Де Роси. Нивни фаворит е Кристијан Панучи.

Поранешниот италијански репрезентативец сега е селектор на Албанија, но не му оди најдобро, работеше со Капело во Русија, потоа во Ливорно и Тернана.

Се проценува дека би ја прифатил понудата од Рома. Панучи за Рома настапуваше од 2001 до 2009 беше соиграч со Тоти и Де Роси во клубот и репрезентацијата, а со Рома освои два италијански купа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ман Сити се урна за неколку минути, а доцниот напад донесе само делумна утеха

Евертон и Манчестер Сити играат при резултат 3:2 во натпревар од 35-тото коло на Премиер л…