Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ди Марија пред финалето: Утре ќе станам светски шампион и ќе дадам гол!

Ди Марија пред финалето: Утре ќе станам светски шампион и ќе дадам гол!

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион.

„Гаучосите“ ја совладаа Франција во финалето по подобро изведување пенали откако претходно беше 3:3 по 120 минути игра, а еден од головите беше дело на Анхел Ди Марија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што Ди Марија бил толку самоуверен дека ќе ја победата Франција и дека тој ќе биде еден од стрелците. На социјалните мрежи е објавена порака која тој ѝ ја испратил на неговата партнерка Хорхелина.

“Љубов, ќе станам светски шампион и ќе постигнам гол. Тоа е запишано. Одете и уживајте утре, бидејќи ќе бидеме светски шампиони“, стои во пораката на Ди Марија.

Ди Марија така ги обедини титулите од Јужна Америка и светската титула, а беше стрелец и во финалето на Копа Америка кога пред една година „гаучосите“ славеа со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…