Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: Важна победа против силен противник

Дејвис: Важна победа против силен противник

Вардар одигра маестрална партија и победи на гостувањето кај Монпеље (25:28) со што ги одржи шансите за пласман во нокаут-фазата.

Ова беше прв меч за Давид Дејвис како тренер на Вардар во меч од Лигата на шампионите, а по натпреварот сите заслуги им ги даде на ракометарите.

„Сакам да им честитам на играчите, тие завршија фантастична работа, одиграа одлично против Монпеље. Ова е многу важна победа, имаше голема борба и среќен сум за триумфот. Нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од тоа што го прикажавме против ваков силен противник“, изјави Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…