Некогашниот менаџер на Евертон Дејвид Мојс наскоро би можел да се врати во клубот од „Гудисон Парк“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно во клубот веќе размислуваат за смена на Шон Дајч кој сезоната ја започна со три порази.
Дејвид Мојс го водеше Евертон од 2002 до 2013 година и тој период беше еден од најдобрите во историјата на „крамелите“ учествуваа во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, играа финале во ФА Купот…
По Евертон имаше неуспешен ангажман во Манчестер Јунајтед, па работеше и во Шпанија во Реал Сосиедад, а сега е без ангажман по отказот во Вест Хем.
Информациите се дека Мојс е прв фаворит за нов тренер, меѓутоа прво треба да се потврди и отказот на Дајч, такво нешто веројатно би се случило ако Евертон продолжи со лошата форма по репрезентативната пауза.