Фудбалерот на Марсеј не беше во тимот на Франција во изминатите натпревари, но последните неколку недели беше забележан, па заработи повик во националниот тим.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Паје во репрезентацијата се враќа заедно со играчите на Тотенхем и Реал Мадрид, Сисоко и Варан.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е повреден, а на списокот на Дешан повторно го нема Антони Марсијал и покрај добрата форма која го следи во последно време.
Без оглед што во изминатото коло одиграа разочарувачки 0:0 со Луксембург, Франција и натаму е прва селекција во групата А со 17 бодобви. Бод помалку има Шведска, Холандија има 13, Бугарија 12, а Луксембург и Белорусија по пет.
Франција ќе се квалификува на СП во Русија ако слави против Бугарија, а Шведска загуби од Луксембург на 7. октомври.